Close
(0) артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите Категории
    Filters
    Опции
    Пребарување

    Купување на рати

    Потрошувачки кредити и картички

    Две најпоставувани прашања околу потрошувачки кредити и купување на рати:

    1. Дали било кој производ може да се купи на рати со картичка или кредит? - ДА, апсолутно секој производ може да се купи на рати.

    2. Дали треба да сум вработен за да аплицирам за потрошувачки кредит? - ДА, банките одобруваат кредити само на вработени (и со решение и со договор на дело).

    Одложеното плаќање на рати има свои предности кои се повеќе луѓе ги користат во секојдневното живеење:
    - Го купувате производот кој ви е потребен во моментот кога ви е потребен
    - Не го оптоварувате вашиот буџет наеднаш и со тоа имате слободни средства да ги употребите и за купување на други производи
    - Го планирате бројот на рати во согласност со вашите можности со цел да не го нарушите вашиот домашен буџет.

    Освен што АМЦ во својата продажна филозофија има вградено продажба на производи од нова технологија по СЕКОГАШ НАЈДОБРИ ЦЕНИ, нудиме можност и за продажба на рати на следните начини:

    1. Продажба на рати со кредитни картички и Diners картички.
    2. Потрошувачки кредити
    3. Задршка на плата по договор со синдикати на вработени.

    1. Продажба на рати со кредитни картички и Diners картички.
    Продажбата со кредитни картички на рати бележи раст и на ниво во Македонија и секако и во АМЦ. Можете да купувате со било која кредитна картичка во салоните на АМЦ. Со банките со кои немаме посебен договор си важат условите кои ги имате добиено со вашата кредитна картичка (тие услови би требало клиентот лично да ги знае како носител на картичката).

     

    Банка

    Потребни

    Документи

    Вид на картичкаРатиМинимална рата
    Стопанска банка Кредитна картичка до 36 рати  
    Тутунска банка Кредитна картичка до 12 рати  
    Комерцијална банка Кредитна картичка во договор со банката  
    Халк Банка Кредитна картичка до 12 рати  
    Капитал Банка Кредитна картичка во договор со банката  
    ТТК Банка  Кредитна картичка  во договор со банката  
    Охридска банка Кредитна картичка во договор со банката  
    Diners Diners картичка до 12 рати  

    * Истите услови важат и за пензионери кои аплицираат за кредит преку матична банка, со акцент дека над 72 години старост банките не одобруваа кредити.

    ** Самите банки одлучуваат дали ќе одобрат кредит врз база на нивните критериуми, и тие го задржуваат своето право да не ги образложат причините ако клиентот е одбиен.

    2. Потрошувачки кредити
    Потрошувачки кредити е најкористен начин за купување на рати кога клиентите немаат кредитна картичка. Со овој начин може да се купи било кој производ во АМЦ. Основен услов за потрошувачки кредит од било која банка е да сте вработен и да земате редовен личен доход. Може да апллицирате за кредит преку било која банка, но најчесто се аплицира од банката од која земате плата. Како? Едноставно:

    Варијанта 1

    1. Доаѓате во салон на АМЦ, пополнуваме документи за 5 минути.
    2. Самата банка ги презема документите и чекаме одобрување.
    3. Штом банката ќе не контактира нас дека е одобрено, ние ве контактираме веднаш вас.
    4. Доаѓате да го земете производ.
    5. Исплаќањето на кредитот потоа е автоматско, банката ви задржува на личен доход.

    Варијанта 2

    1. Доаѓате во салон на АМЦ, земате профактура од производот.
    2. Со неа одите во банката, на лице место на шалтер на банката ви одобруваат кредит по договорени услови.
    3. Ако ви го одобрат кредитот, доаѓате веднаш да го подигнете производот.
    4. Исплаќањето на кредитот потоа е автоматско, банката ви задржува на личен доход.

     

    Банка

    Потребни

    Документи

    Аплицирање Рати Минимална рата  
    Стопанска банка Лична карта Во салон на АМЦ за 5 мин и чекаме одобрување од банката до 72 600 ден  
    Тутунска банка Лична карта Во салон на АМЦ за 5 мин и чекаме одобрување од банката до 72 300 ден  
    Комерцијална банка Лична карта Профактура од АМЦ и со неа во банката во договор со банката во договор со банката  
    Халк Банка Лична карта Профактура од АМЦ и со неа во банката до 72 600 ден  
    Капитал Банка Лична карта Профактура од АМЦ и со неа во банката во договор со банката во договор со банката  
    ТТК Банка Лична карта        
    Охридска банка Лична карта Профактура од АМЦ и со неа во банката до 72 600 ден  

    * Истите услови важат и за пензионери кои аплицираат за кредит преку матична банка, со акцент дека над 72 години старост банките не одобруваа кредити.

    ** Самите банки одлучуваат дали ќе одобрат кредит врз база на нивните критериуми, и тие го задржуваат своето право да не ги образложат причините ако клиентот е одбиен.

    3. Задршка на плата по договор со синдикати на вработени.
    Синдикатот на вашата организација или компанија може да склучи договор за продажба на рати за вашите вработени. Пуштете маил на contact@amc.com.mk да закажете состанок на кој ќе се договорат условите за продажба на рати со конретен синдикат.

    ПОВЕЛЕТЕ. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ.

    АМЦ - Секогаш најдобри цени.

    Повеќе информации директно во салоните на АМЦ