Close
(0) артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите Категории
    Filters
    Опции
    Пребарување

    Вработување

    Вработување во АМЦ

    Ако сакате да бидете дел од оваа динамична компанија, сега ја имате можноста да ни се придружите.
    Доколку сакате да аплицирате за вработување во АМЦ, пратете ги наведениве документи:

         CV и придружно писмо (на македонски и/или на англиски јазик) каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате, односно областа во која би сакале да работите,
         1 колор фотографија

    на адреса
    ул, Њуделхиска б р 17, Поштенски фах. 96 
    1000 Скопје

    односно на е-адресата vrabotuvanje@amc.com.mk 

    АМЦ ќе направи преселекција, врз основа на пристигнатите апликации, како и интервјуирање и тестирање на преселектираните апликанти.

    Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на АМЦ, сè додека не нè контактирате за
    да ја повлечете вашата согласност.

    РАБОТНО МЕСТО: КОМЕРЦИЈАЛИСT Во МАЛОПРОДАЖБА ЗА САЛОН НА АМЦ во СКОПЈЕ (Салон Мегастор)

    1 позиција
    Идеалниот кандидат добива можност за вработување во нашата динамична, компанија лидер во малопродажбата на ИТ/АВ опрема во Македонија.
    Идеалните кандидати треба да поседуваат:
    - CCC и ВСС (економска, информатичка, електро/машинска),
    - Предност имаат кандидатите со работно искуство на слични позиции и со познавање на електроника
    - Познавање на странски јазик - Англиски
    - Корисничко познавање за работа на
    (MS Windows, Word, Excel, Internet и e-mail)
    - Персонални дополнувања - Комуникативност, истрајност,
    љубезност, тимска работа
    Останато - Познавање на ИТ хардвер и аудио/видео опрема
    - Искуството во продажба ќе се смета за предност
    Заинтересираните кандидати треба да достават:
    CV со фотографија и мотивационо писмо. Сите кандидати кои ќе
    влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор во живо.
    Ве молиме вашата кратка биографија и мотивационо писмо да ги доставите на маил адресата: zoran.jovanov@amc.com.mk со наслов на пораката КОМЕРЦИЈАЛИСT Во МАЛОПРОДАЖБА ЗА АМЦ МЕГАСТОР САЛОН. 
    Доколку насловот не е наведен апликацијата нема да биде комплетна и како таква нема да се разгледува.

    Огласот трае до 15.03.2017

    СЕРВИСЕР ЕЛЕКТРОНИЧАР ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА СМАРТФОНИ И ПРЕНОСНИ КОМПЈУТЕРИ

    Опис на работни должности:
    -Дијагностика
    -Сервисирање
    -Тестирање
    -Евиденција на налози

    Познавање на дигитална електроника
    Работно искуство на иста или слична позиција,
    Работа со дувалка, леткум, програматор, мерни инструменти вчитување на софтвери работа со прецизен соодветен алат

    Образование: ССС/ВСС релевантно образование.
    Плата: по договор,
    Време на договорот: Неопределено
    Ве молиме вашата кратка биографија да ја доставите на маил адресата: vrabotuvanje@amc.com.mk со наслов на пораката “Сервисер за електроника”.
    Важност на огласот до 02.09 септември.

    РАБОТНО МЕСТО: КОМЕРЦИЈАЛИСT Во МАЛОПРОДАЖБА ЗА САЛОН НА АМЦ во Струга

    1 позиција
    Идеалниот кандидат добива можност за вработување во нашата динамична, компанија лидер во малопродажбата на ИТ/АВ опрема во Македонија.
    Идеалните кандидати треба да поседуваат:
    - CCC и ВСС (економска, информатичка, електро/машинска),
    - Предност имаат кандидатите со работно искуство на слични позиции и со познавање на електроника
    - Познавање на странски јазик - Англиски
    - Корисничко познавање за работа на
    (MS Windows, Word, Excel, Internet и e-mail)
    - Персонални дополнувања - Комуникативност, истрајност,
    љубезност, тимска работа
    Останато - Познавање на ИТ хардвер и аудио/видео опрема
    - Искуството во продажба ќе се смета за предност
    Заинтересираните кандидати треба да достават:
    CV со фотографија и мотивационо писмо. Сите кандидати кои ќе
    влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор во живо.
    Ве молиме вашата кратка биографија и мотивационо писмо да ги доставите на маил адресата: riste.micev@amc.com.mk со наслов на пораката КОМЕРЦИЈАЛИСT Во МАЛОПРОДАЖБА ЗА АМЦ СТРУГА САЛОН. 
    Доколку насловот не е наведен апликацијата нема да биде комплетна и како таква нема да се разгледува.
    Огласот трае до 28.08.2016

    Работно место: РЕФЕРЕНТ ЗА ПРИЕМ НА УРЕДИ ВО СЕРВИС

    1 ПОЗИЦИЈА- Работниот однос се заснова на неопределено време
    Идеалниот кандидат добива можност за вработување во нашата динамична компанија лидер во продажбата на ИТ/АВ опрема во Македонија .
    Кандидатите треба да поседуваат:
    -ССС или ВСС (пожелно од имформатичка, електро или машинската област );
    -познавање на странски јазик-Англиски;
    -Познавање на работа со компјутери ( MS Windows, Word, Excel, Internet и e-mail);
    -Предност имаат кандидатите со претходно работно искуство на слично работно место и познавање на електроника;
    -Персонални дополнување- Комуникативност, истрајност, љубезност , трпеливост,ведар однос со клиентите , способност за разрешување на конфликтни ситуации, работа на кратки рокови, работа под притисок, способност за визуелно забележување и на најмали недостатоци на уредите(механички повреди).
    Опис на работни должности:
    - Врши превземање и испорака на уреди во и од сервис,
    - Врши визуелна проверка на уредите и документирање на сите забележани недостатоци на уредот
    - Врши фото документирање за механички и други оштетувања на уредите, кои не влегуваат во гаранција,
    - Изготвува понуди за извршување услуги,
    - Врши наплата на побарувањата поврзани со делокругот на одделението
    - Комуницира со сервисерите, ги пренесува констатираните проблеми со уредите на клиентите,
    - Располага со магацин и врши снабдување со резервни делови за потребите на сервисот,
    - Непосредно и посредно комуницира со клиентите, и се грижи клиентите да бидат навремено информирани,
    - Се грижи за релаксирање на конфликтните ситуации и зголемување на задоволството на клиентите,
    - Води детално документирање на извршените работи,
    - Се грижи за уредноста и хигиената на работното место,
    - Извршува други работи кои му се зададени од раководителот на одделението.

    Заинтересираните кандидати треба да достават:
    CV со фотографија и мотивационо писмо. Сите кандидати кои ќе
    влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор во живо.
    Ве молиме вашата кратка биографија и мотивационо писмо да ги доставите на маил адресата: vrabotuvanje@amc.com.mk со наслов на пораката РЕФЕРЕНТ ЗА ПРИЕМ НА УРЕДИ ВО СЕРВИС
    Доколку насловот не е наведен апликацијата нема да биде комплетна и како таква нема да се разгледува.
    Огласот трае до 31.11.2015

     

    Огласот трае до 05.12.2015

    РАБОТНО МЕСТО: СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИЈАЛИСТ

    Изградба и одржување на ИТ системи базирани на технологии од светски реномирани ИТ компании и решенија во областа на системи за складирање на податоци, управување со ИТ, системи и висока достапност решенија за одржување на бизнис континуитет.
    Знаење и квалификации: - Искуство во мулти-кориснички компјутерски системи
    - Познавање на системи за складирање
    - Искуство во имплементација на компјутерски системи
    - Искуство во одржување на хардвер и софтверски компоненти на компјутерски системи
    - Поддршка на подготовката и спроведувањето на компјутерски проекти
    - Работа со клиенти
    Опис на работата на вработениот
    - Дизајн, имплементација и одржување на комплексни ИКТ решенија
    - Прибирање, дефинирање и документирање на кориснички барања, развој на концептуален дизајн, спецификација  архитектура на решенија, развој на перформанси, документација
    - Мониторинг на технолошкиот развој и трендови во ИКТ индустријата и ги применуваат во нивните сопствени решенија
    - Следење на воведување на нови производи и услуги, труд конкуренција и анализа на нив во поглед на конкурентна предност
    - Учество и поддршка во пред-продажни активности, презентации на  решенија, документирање и известување

    Работното место ги вклучува следните активности: администрација на сервер i оперативни системи како MS Windows Server; MS администрација платформа (SharePoint, SQL, , Lync,); соработка со ИТ-експерти за развој на апликации на MS платформи; истражување на пазарот и изработка на набавка на сервери и персонални компјутери; администрација на лични компјутери кои користат оперативен систем MS Windows; корисниците помош во употребата на персоналните компјутери и апликации; одржување на печатари; други задачи.
    Тип работа: редовен работен однос
    Минимум квалификации: Факултет
    Странски јазик: Англиски
    Возачка дозвола: B
    Компјутерски вештини: Напредно


    Ве молиме вашата кратка биографија и мотивационо писмо да ги доставите на маил адресата: vrabotuvanje@amc.com.mk со наслов на пораката ЗА СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИЈАЛИСТ.

    Огласот трае до: 21.10-2.11.2014

    РАБОТНО МЕСТО: ПРОГРАМЕР
    Повеќе на линкот

    http://www.esoft.com.mk/Default01.asp?id=240&l=3 

     1. РАБОТНО МЕСТО: СЕРВИСЕР ЗА ТЕЛЕВИЗОРИ и АУДИО (Електроничар)

    Сервисер за ТВ и Аудио.
    Опис на работни должности:
    - Врши сервисирање ТВ и Аудио (електроничар),
    - Работно искуство на иста или слична позиција,
    - Дава поддршка на вработените за решавање на проблемите во домејнот на електрониката,
    - Дава предлози и решенија за конкретни проблеми поврзани електрониката,
    - Води детално документирање на извршените работи,
    Потребни услови за вршење на работата:
    Образование: ССС/ВСС релевантно образование.
    Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:
    Одлично познавање на англиски јазик, одлично познавање на Office апликации и користење на интернет, способност за разрешување конфликтни ситуации, љубезна и ведра личност.
    Работно искуство во струка: 3 години, на релевантно работно место.

    Ве молиме вашата кратка биографија да ја доставите на маил адресата: vrabotuvanje@amc.com.mk со наслов на пораката “Сервисер за ТВ и Аудио”.