Close
(0) артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите Категории
    Filters
    Опции
    Пребарување

    Водич за купување на телевизор

    Почитувани клиенти,

    На www.amc.com.mk и во салоните на АМЦ може да се пронајде најголемиот избор на телевизори во Македонија. Се трудиме да имаме широк избор на модели од најголемите светски производители од сите ценовни категории достапни во секое време на нашиот пазар. Вашиот локален АМЦ салон е местото каде може да се погледне во секое време тој избор на телевизори. Тука се нашите продажни лица кои ќе одговарат на сите ваши прашања и ќе помогнат заеднички да изберете најсооветен телевизор за вашите потреби. Во зависност со каков буџет располагате тука сме да посоветуваме и да предложиме модел на телевизор кој најмногу одговара на вашите потреби.

     

    Краток водич за купување на телевизори

    Веројатно секојдневно значителен дел од времето поминувате пред телевизорот гледајќи ги омилените ТВ серии, ТВ шоуа, дебатни емисии, спортски натпревари...Во случај дека сте решиле да купувате нов телевизор нормално е да сакате да се информирате како да направите вистински избор при купувањето на нов телевизор. Овој водич ќе ви олесни да дознаете повеќе. Од типот на екран па се до клучните карактеристики и спецификации – ќе се обидеме да објасниме што е навистина потребно да знаете при купувањето на нов телевизор. Нашата идеја е купувањето телевизор да биде позитивно корисничко искуство, прошетка во светот на новата технологија која треба да биде пријатна и едноставна, а не борба со технички детали, кратенки и технологии за кои да ги знаете треба да имате диплома од Електро факултет. Затоа, прочитајте го нашиот водич и информирајте се за главните карактеристики на телевизорите кои треба да се земат во предвид при купувањето на нов телевизор.


    HD (1280 x 720 - 1366 x 768) 720p
    Дава HD квалитет на сликата кој е доволен за гледање само на телевизија, омилените ТВ канали и ДВВ филмови и се со најпристапни цени на пазарот. Бидејќи самите телевизии кај нас сигналот го емитуваат со оваа резолуција оние клиенти кои телевизорот го земаат само за гледање телевизија, оваа резолуција е нивниот најлогичен избор бидејќи моделите се и најценовно достапни. Во превод, омилената ТВ серија, или музичко шоу во сабота, или вашите омилени утрински водителки ќе изгледаат сосема исто и на многу поскап телевизор, што значи дека и реално нема потреба од купување овде на поскап телевизор.

    Full HD (1920 x 1080) 1080p
    Овозможува да гледате Blu-ray филмови, Full HD содржини и сите ТВ програми со најголемо ниво на детали. 1080р е далеку најчеста резолуција во моделот на најголемиот избор на модели на пазарот. Кристално јасната слика е супер за секојдневна употреба и за гледање филмови и за вашите омилени ТВ серии. Посебно помладата популација која гледа голем број странски серии симнати од интернет од соодветните сервиси или ги гледа стримувани сите тие серии ги има во Full HD резолуција и тука се гледа квалитетот и јасноста на сликите кога се во Full HD.

    4K Ultra HD (3840 x 2160) 2160p
    Понекогаш се нарекува 4К или UHD, 4К Ultra HD претставува моментален врв на понудата. Со четири пати повеќе пиксели од Full HD, оваа резолуција е како создадена за играње игри, гледање филмови во висока резолција и видео материјал со неверојатно јасни и детални слики. Вистински избор за напредните играчи, графички професионалци или љубите на визуелното задоволство и престиж кој го предвикува гледањето на содржини со ваква резолуција. Секој кој може да си дозволи буџетски модел со ваква резолуција тоа е вистинска инвестиција која сама по себе генерира визуелно задоволство секогаш кога се гледа и престиж од поседувањето на таков модел кој сам по себе е врз во техноллгијата во моментот.

    Во случај да сакате да го поврзете вашиот компјутер/лаптоп или гејмерска конзола обратете внимание на:

    Уверете се прво дека вашиот компјутерт/лаптоп може да го поддржи вашиот нов телевизор, посебно ако вршите надоградба на Quad HD или 4К Ultra HD резолуција. Ако купите најнов телевизор, а имате компјутер кој е постар, нема да добиете најдобар квалитет на сликата. Проверете ги хардверските барања на телевизорот за да видите дали вашиот компјутер и графичка картичка треба да се променат, заради целосно уживање на сликата на мониторот. Кога е во прашање гејминг конзола (PlayStation или XBOX One) резолуциите се поддржани и се што ви е потребно е адекватен HDMI кабел.
                                           Погледнете ја понудата на телевизори во зависност од резолуцијата
                                                       1366 x 768 (HD)           1920 x 1080 (Full HD)          3840 x 2160 (4K)




    LED
    LED (светло-диода) телевизорите се најпопуларни на пазарот и тука се 99% од моменталните актуелни модели. На глечот му нудат одличен и сеопфатен квалитет на сликата. LED телевизорите се одличен избор за сите светлосни услови/простории. Тие најчесто имаат исклучително тенки профили, озможувајќи со тоа лесно поставување на било кој простор за гледање. LED телевизорите се всушност дел од ТВ семејството на LCD телевизори, со LED диоди овозможувајќи подобро позадинско осветлување.

    OLED
    OLED (organic light-emitting диоди) телевизорите нудат исклучително висок степен на прецизност на боите, огромен контраст, широк агол на гледање и слика која е практично без никакво заматување. Секој од милионите пиксели е индивидуално осветлен, произведува вистинска црна боја и сјаен спектар на оби. OLED технологијата исто така озможува исклучително тенки екрани и е најверојатно трендот на кај сто ќе се движат производителите со моделите во блиска иднина.
                                                Погледнете ја понудата во зависност од типот на екрани
                                                                                      LED              OLED




    Големината на екранот се мери по дијагонала. Што е поголема дијагоналата и цената е поголема, па треба да се земе во обзир колку простор имате и колкав буџет имате на располагање.

    32“ и помали дијагонали
    Овие големини/дијагонали се идеално за спални соби, кујни и помали деловни простори или простории во кои повремено се гледа телевизија.

    33"– 47"
    Во оваа група влегуваат телевизорите кои исклучително добро се вклопуваат во просечно големите дневни соби и многу други соби. Оваа група на дијагонали е најчестиот избор за телевизор во дневна соба за нашите услови. Тука треба да го барате вашиот телевизор за секојдневното гледање на телевизија, ТВ серии и филмови и секојдневно користење на телевизорот.

    48“ и поголеми дијагонали
    Големите телевизори овозможуваат и големо визуелно задоволство во било која просторија во вашиот дом, вклучувајќи ги и дневните соби. Овие телевизори се одлични за мултимедијални простории и ако сте во потрага за потполно импресивно искуство додека гледате филмови или вашиот омилен спорт. Телевизорот во овие величини нудат озбилна површина за гледање, на озбилните гејмери или професионални корисници им нудат неверојатно графичко искуство. Тука се и вистинските спортски фанови кои уживаат во гледањето на својот омилен спорт во друштво на своите пријатели. Утакмицата едноставно е поинтересна на ваков телевизор заедно со пријателите.

                              Погледнете ја понудата на АМЦ на телевизори во зависност од големината на екранот
                                                              32" и помали     и        33" - 47"         48 и поголеми

     




    Android TV е SMART TV платформа развиена од страна на Google, на база на оперативниот систем 5.0 или LoliPop или поновите верзии. Со помош на оваа платформа корисниците имаат пристап на Google Play за да можат да преземат Android апликации и услуги и можности за гледање на филмови со стримување како Netplix или Hulu или бесплатните платформи како Kodi. Секако тука е можноста која ги радува посебно помалите е можноста за симнување на игри чие играње на поголем екран е неверојатно доживување многу поинтензивно од нивно играње на мобилен телефон или таблет. Android TV платформата е веројатната иднина на SMART телевизијата во иднина и кориснички многу блиска до корисниците заради веќе познатото искуство кое го имаме со мобилните телефони или таблети базирани на оперативниот систем Android. Исклучително популарни во моментот се Android моделите на произвоителите Philips и Sony.

    3D е дополнителна карактеристикиа во телевизорите од повисоките класи од hi-end сегментот. Таквите телевизори можат да прикажуваат видео содржини кои се направени во 3D технологија. За гледање на 3D содржините ќе ви бидат потребни и 3D наочари, во зависност од екранот. Понекогаш, наочарите се продаваат оддвоено и постојат активни и пасивни во зависност од самиот екран и тип на панелот на телевизорот. 3D телевизор не се бира сам. Ок е да се информирате по интернет, да прочитате review да дефинирате неколку модели. Сепак наша препорака е ако е тоа пресудна карактеристика по која ќе се купи телевизорот да се дојде во салон на АМЦ, каде нашите продажни лица ќе ги презентираат моделите, ќе ви демонстрираат како оди тоа, како функционира, ќе посоветуваат од каде се симнуваат такви содржини токму за вашиот модел за да се избере најдобар модел според вашите потреби.


    Smart телевизорите нудат можност за поврзувањер со Интернет или друг паметен уред. Можат да користат гласовни командиј или гестови со рака, контрола преку мобилни уреди или преку тастатура. Со нив може да сурфате на интернет преку инсталираните интернет прегледници (Browser-и), да гледате видео клипови на мрежа (Youtube), да пристапите кон социјалните мрежи (Facebook, Twitter) или да направите видео повик преку некој Chat програм. Апликациите на паметните телефони се најчесто веќе предиинсталирани но сите производителите имаат опција за симнување на дополнителни апликации од нивните online продавници. Цените на ови телевизори веќе се исклучително достапни и најголем број клиенти одлучуваат да имаат Smart телевизор при нивниот избор.

                      Погледнете ја понудата на АМЦ во зависност од дополнителните напредни категории кои ги поседуваат
                                                                             SMART TV               android TV                    3D TV



    Објаснуваме неколку функции и конекции за кои мислиме дека е убаво да ги имате на телевизорите и со кои најчесто се опремени телевизорите.



    DVB-T/C/S Дигитален тјунер
    Во Македонија ТВ програмата се емитуван на DVB-T стандардот и сите телевизори кои се продаваат во АМЦ веќе во себе го имаат вградено тој тјунер така што тука немате простор да згрешите.
    Повисоките класи на телевизори имаат и DVB-S или сателитски тјунер кој е важен доколку сакате телевизорот да го поврзете на сателитска телевизија. Во тој случај најдобро е повторно изборот да се прави директно во салоните на АМЦ, каде низ разговор со продажните лица ќе утврдите кој телевизор најмногу одговара на вашите потреби и буџет во тој сегмент.



    Wi-Fi LAN Интернет конекција
    Ако планирате да го поврзете вашиот телевизор на Интернет или да пристапите до некоја SMART функција потребен ви е LAN (мрежен) порт или Wi-Fi конекција која ќе биде врска до вашиот извор на Интернет дома. Најчиста работа е да купите телевизор со вградено WiFi во себе. Голем број модели се Wi-Fi Ready што значи дека е потребно и Wi-Fi USB Dongle стик кој ќе го претвори вашиот телевизор во Wi-Fi. Доколку телевизорот не е во близина на изворот на интернет или рутерот, тогаш се препорачува да си купите и такво стикче, а доколку е веднаш до телевизорот тогаш наједноставно е телевизорот да го поврзате со LAN мрежен кабел бидејќи трошокот е тука безначителен а конекцијата постојана и сигурна.




    USB конекција
    Еден од начините на својот телевизор да уживате во гледање на своите омилени филмови и серии е преку USB конекција. Го внесувате USB стикот, или нарворешен хард диск, ја наоѓате содржината и на големиот екран уживате во вашиот нов омилен филм, серија или било која друга содржина.

    High Definition Multimedia Interface
    HDMI е кориснички интерфејс за пренос на дигитални аудио и видео формати во висока резолуција. Ви овозможува со еден кабел да побрзете било кој извор на аудио и видео содржини, како што е DVD/Blu ray плеер, гејмерска конзола или лаптоп/десктоп компјутер. Преку него може да ги гледате омилените слики, филмови или серии на вашиот телевизор на голем екран а се пренесуваат од вашиот лаптоп/компјутер.

    Повелете во салоните на АМЦ
    Веруваме дека овој водич барем малку ви помогна при планирањето и изборот на вашиот нов телевизор. Повелете во секое време во салоните на АМЦ, нашите продажни лица ќе одговорат на сите ваши прашања, ќе ги презентираат сите можности и технологии на телевизорите кои ве интересираат со цел да се избере телевизорот кој најмногу одговара на вашите потреби и буџет со цел со задоволство да одлучите да купите и да уживате во вашиот нов телевизор.

    АМЦ - Вистинско место за нова технологија
    www.amc.com.mk



    Блог архива