Јапонската компанија “Сони“ оствари ретка победа над ривалот “Епл“ на пазарот на мобилни музички плеери. Со својот модел вокмен на домашниот пазар ја надмина продажбата на популарниот “иПод“.
Со цел да покаже како пакетот решенија на компанијата придонесуваат до значителни подобрувања во работата и во животните ситуации, LG Electronics (LG) за време на Internationale Funkausstelung (IFA) во Берлин оваа недела ќе ги претстави симулаторите на амбиенти за во хотелите, училиштата, деловните простории и на duty free продавниците на аеродромите.
Во светот има повеќе од 862 милиони неписмени лица, покажуваат податоци, објавени по повод денешниот Меѓународен ден на писменоста. Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО го прогласи 8-ми септември за меѓународен ден на писменоста во 1967-ма година, со цел да се истакне важноста на читањето и писменоста во животот на поединецот и општеството во целина.
Како изгледа кога светулките танцуваат ноќе во шумата. Тоа го утврдил младиот физичар, триесет и едногодишниот Кристијан Цвецек од германскиот град Ерланген. Тој ги снимил спектакуларните траги на малите искрички што летаат меѓу дрвјата, а неговите фотографии се објавени во медиумите во целиот свет
Што е подобро? Да земете бренд компјутер или да составите еден според ваш вкус со разни компоненти? Оваа жешка тема ја стартуваше членот DigiSoft кој ги преферира брендираните ПЦ-ја. Дел се согласуваат, дел од членовите преферираат составување компоненти.