Јапонската компанија “Сони“ оствари ретка победа над ривалот “Епл“ на пазарот на мобилни музички плеери. Со својот модел вокмен на домашниот пазар ја надмина продажбата на популарниот “иПод“.
Со цел да покаже како пакетот решенија на компанијата придонесуваат до значителни подобрувања во работата и во животните ситуации, LG Electronics (LG) за време на Internationale Funkausstelung (IFA) во Берлин оваа недела ќе ги претстави симулаторите на амбиенти за во хотелите, училиштата, деловните простории и на duty free продавниците на аеродромите.
Климатските промени ќе имаат катастрофални последици во наредните 50 години, затоа што сите тропски болести, како што е маларијата, ќе се прошират и во други реони на Земјата, оценија група лекари од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите.
Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога сакате да побегнете од сите проблеми кои ве мачат? Тоа е она што треба да го направите, бидејќи научниците тврдат дека трчањето придонесува за подобрување на менталната состојба што потоа резултира со квалитетно решавање на проблемите, пренесува „Блиц“.
Молекули богати со јаглерод, кои се основни за живот, можеби сепак постојат на Марс, објавија научниците со што се доведе до прашањето дали оваа планета е навистина безживотна, пренесува Би-Би-Си.
Како изгледа кога светулките танцуваат ноќе во шумата. Тоа го утврдил младиот физичар, триесет и едногодишниот Кристијан Цвецек од германскиот град Ерланген. Тој ги снимил спектакуларните траги на малите искрички што летаат меѓу дрвјата, а неговите фотографии се објавени во медиумите во целиот свет
Gmail пред некое време доби Priority Inbox опција која помага за полесно прегледување на пораките. Мејловите можат да се категоризираат на важни, непрочитани, омилени итн... сервисот е супер бидејќи „учи“ за важноста на пораките според вашето читање.